МКГ: Индонезија може да се соочи со клон на Исламската држава

Џакарта, 27 февруари 2015 (МИА) - Меѓународната кризна група (МКГ) денеска јавно ја предупреди Индонезија дека во оваа 250 милионска земја, во која 90 отсто од жителите се муслимани, постои реална опасност да се појави клон на групата Исламската држава од Ирак и Сирија.

Според членот на оваа влијателна меѓународна група за политички анализи, Сидни Џонс, чија изјава ја пренесува „Џакарта пост“, со враќањето на околу 500 жители на Индонезија, кои сега се борат во редовите на радикалните муслимани во Ирак и Сирија, во земјата ќе дојдат луѓе со зголемен идеолошки и верски фанатизам, кои се и добро обучени да се борат со оружје.

Индонезија се уште нема донесено закон за прогласувањето на нејзини државјани кои се во ИД за соучесници во криминални дела. На тие што се враќаат, за сега, им се заканува само одземање на пасошите. Полицијата, ако открие потенцијални поддржувачи и агитатори на идеите на Исламската држава ги апси, но не ги обвинува за тероризам.

Според денешните медиуми во Џакарта, бази за регруторање на млади луѓе кои би заминале на боиштата во Ирак и Сирија има во Џакарта и Соло на островот Јава и на уште четири други локации на Сулавеси и Суматра. Агитаторите најчесто успеваат да го привлечат вниманието на помлади луѓе од сиромашни семејства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...