Шакира ја носи магијата

Јужна Африка вечерва ќе игра во ритамот на мудијалската песна на Шакира „Waka Waka“ на спектакуларен музички хепенинг кој ќе биде одличен вовед за почеток на 19-то Светско првенство во фудбал.

„Орландо стадионот“ во Јоханесбург ќе биде место каде ќе се соберат големи музички ѕвезди, а танцот во поп, афро и латино ритмовите почнува во 20 часот.

Продадени се 30 илјади влезници а целиот приход од концертот оди во Фондот „20 центри за 2010“. Станува збор за официјалната кампања на ФИФА за изградба на 20 центри за образование и здравствена заштита низ цела Африка.

Списокот на учесници е навистина импресивен, на бината ќе се појават дури 1.581 изведувач, а освен првата ѕвезда - колумбиската пејачка Шакира, ќе се појават и Алиша Киз, Блек Ајд Пис, Хју Масакела, Џон Леџенд, Младинскиот хор Мзанси , Госпел хорот Совето, Анџелик Киџо, Р Кели и канадско-сомалискиот рапер К ’Наан чиј хит „Wawing Flag“ е една од официјалните химни на првенството и постојано се емитува на сите светски радио и телевизиски станици.

Ар-Ен-Би ѕвездата Р Кели, кој израснал на улиците на Чикаго, изјави дека како дете не знаел ништо за фудбалските правила, но не крие дека шутирал се што ќе му се најдело на патот од лименки, пластични шишиња, до топка. Сега вели дека ја засакал најважната споредна работа на светот.

- Каде и да отидам луѓето зборуваат само за првенството. Ми велат „слушам дека работиш нешто за Светското првенство“. Ги прашувам дали знаат дека ќе бидам таму на концерт? Но тоа сите веќе го знаат. Мислам дека ова е најголем проект во кој досега сум учествувал, изјави американскиот музичар.


Официјалната церемонија за отворањето на Светското првенство е во петок во 14 часот на „Сокер Сити“ стадионот во Јоханесбург, два часа пред првиот дуел меѓу домаќинот Јужна Африка и Мексико, а програмата ФИФА за сега ја држи во строга тајност.  На првенстото до 11 јули ќе бидат одиграни вкупно 64 натпревари, ќе се натпреваруваат 32 екипи кои се поделени во осум групи, а за Светскиот куп ќе се борат точно 736 фудбалери. Околу две третини од нив играат во европски клубови. Исто така организаторите очекуваат дека преносите од првенството ќе ги гледаат околу 27 милијарди луѓе што е четири пати повеќе од вкупната светска популација. Во многу земји ќе има директни преноси на отворено преку големи видео бимови, а во многу градови ќе бидат реализирани и современи 3Д преноси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...