Девојчињата кои јадат многу месо порано добиваат менструација

Девојчињата кои во периодот на детството јадат многу месо го добиваат првиот менструален циклус порано од останатите, сугерира едно научно истражување.

Британските научници за потребите на истражувањето ја споредија исхраната на 3000 дванаесет годишни девојчиња. Од резултатите е утврдено дека големата консумација на месо на тригодишна возраст (повеќе од три порции во текот во една недела) и на седумгодишна возраст (12 порции) е  поврзана со раниот менструален циклус.

Според истражувачите, исхраната богата со месо го подготвува телото за бременост, поттикнувајќи ран пубертет.

За време на 20-от век просечната возраст на која девојчињата добиваа прв менструален циклус драстично се намали, иако во овој период бележи мало зголемување.

-Месото е одличен извор на цинк и железо, материи кои имаат зголемено ниво во текот на бременоста, истакнува доктор Имоген Роџерс, предводник на истражувањето.

Иако раниот менструален циклус често е поврзуван со зголемен ризик од рак на градите, сепак научниците велат дека девојчињата не треба премногу да го намалат месото од исхраната, бидејќи  јадењето месо во суштина создава услови за добра бременост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби