Научниците создале крави кои даваат човечко млеко

Бебињата наскоро би можеле да се хранат со човечко млеко кој е производ на генетски модифицирани крави. Научниците одгледале 300 грла на кои им давале човечки гени со цел нивното млеко да ги содржи истите хранливи состојки и масти како и млекото на доилките.

Научниците веруваат дека производот од генетски модифицираните крави би можел да биде алтернатива на мајките за конвенционалната формула за храна за бебиња.

Сепак, ваквиот потег на научниците го осудија критичарите кои се сомневаат во безбедноста на овие методи.

Човековото млеко се разликува од кравјото по тоа што содржи големи количини хранливи состојки кои се корисни за растот и имунолошкиот систем на самото бебе. Кравјото млеко потешко се дигестира, има помалку масти и помалку јаглехидрати и не содржи антитела кои штитат од болести.

Професорот Нинг Ли, кој го предводел истражувањето на кинескиот универзитет за агрикултура вели дека млекото од генетски модифицираните крави е сигурно како и обичното млеко.

- Млекото од модифицираните крави има појак вкус од обичното. За десет години луѓето ќе можат да го купуваат во супермаркетите, вели Ли.

- Мораме да донесеме некои правила кои ќе бидат во служба на зачувувањето на човековото здравје. Ова млеко би можело да претставува ризик, кој засега не ни е познат. Кравјото млеко никогаш нема да биде како човековото, изјавила Пати Рендел, учесничка во кампањата Baby Milk Action.

Професорот Ли и неговиот тим користеле технологија на клонирање со чија помош човековите гени ги внесувале во DNK Holstein кравата.

Еден вид млеко од генетски модифицираните крави содржи лизозим, антимикробски протеин кој штити од инфекции. Научниците одгледале и крави чие млеко содржи човечки лактоферин, протеин кој го подобрува имунолошкиот систем. Трет човечки протеин алфа-лакталбумин исто така е присутен во млекото. Професорот Ли тврди дека неговиот тим ја зголемил количината на масти во кравјото млеко, што придонесло да биде многу послично на човековото.

Критичарите тврдат дека одгледувањето генетски модифицирани крави е негативно за животните. Во двата експеримента во Кина, при кои се родени 42 крави, преживеале само 26. Десет починале после раѓањето, а уште шест во следните шест месеци.

- Потомството на клонираните крави често доживува срцеви удари и страда од здравствени проблеми. Тоа е голем проблем. Зошто ни е потребно ова млеко? Дали ни дава нешто што веќе го немаме?, го критикуваше експериментот портпаролот на Кралското здружение за заштита на животните.

Правилата во Кина кои се однесуваат на генетски модифицираната храна се помалку строги од европските. Британските научници сметаат дека ова истражување би можело да биде особено корисно.

- Генетски модифицираната храна, доколку се направи исправно, може да биде особено корисна во создавањето подобри производи, вели професорот Кит Кембел.

Модифицираното млеко може да ја подобри продажбата на крави во Азија, каде девет од 10 луѓе не ја поднесуваат лактозата, поради што не можат да консумираат кравјо млеко, а подоцна страдаат од стомачни проблеми и грчеви.

Тимот на Ли работел со компанијата Beijing GenProtein Biotechnology.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби