Најниска трудница во светот

Карина Вајт остана глува на препораките на докторите и влезе во медицинската историја како најниската трудница.

Триесет и двегодишната Карина, висока само 113 сантиметри страда од редок вид на дворфизам, познат како Spondyloepiphyseal Dysplasia Congenita (SEDC). И покрај дворфизмот, телото на Карина е совршено пропорционално.

Поради нејзината состојба, лекарите тврдеа дека веројатно нема да може да забремени бидејќи е премногу ниска за да биде мајка.

Но, среќно омажената Карина, заедно со нејзиниот 37-годишен сопруг Пол успеаја да зачнат дете и со тоа да влезат во медицинските анали.

Карина, чие семејство е со нормална висина, е во последната фаза од бременоста и во секој момент очекува на свет да ја донесе својата ќерка.

„Цел живот ми велеа дека никогаш нема да можам да родам, а еве сега сум во 32-та недела од бременоста. Ќе бидеме најгордите родители“, вели Карина.

Сега главниот проблем на идната мајка е да најде креветче и количка за бебе со висина која ќе и овозможи своето дете да го гледа одозгора.

„Знам дека ќе биде тешко, но на сите мајки им е тешко, зарем не? Секогаш ми велеа дека сум премногу малечка за да бидам мајка, но сега кога стигнав до тука, знам дека ќе бидам најдобрата мајка на светот“, вели Карина.

Идната најниска мајка раскажува дека лекарите постојано и велеле дека белите дробови ми се премногу слаби за да ја издржат бременоста, дека сколиозата ќе направи нејзината половина да не ја издржи тежината на стомакот. Но, Карина направила серија испитувања за да утврди дека навистина нема да може да може да има дете.


„Конечно, минатата година ми рекоа дека ќе можам да имам дете, но оти 50/50 се шансите бебето да ја наследи мојата болест. Не ни пречеше ако бебето се роди со SEDC, доколку такво нешто се случи веќе знаеме како да се справиме со тоа“, вели Карина.

Нејзиното бебе ќе биде родено со царски рез, кон почетокот на следниот месец, причина за ваквата лекарка одлука е тоа што карлицата на Карина е премала за да може да се породи на природен начин.

„Породувањето ме прави нервозна, но Пол ќе биде крај мене и знам дека ќе се исплати сето тоа низ кое минав, уште првиот пат кога ќе ја земам во моите прегратки“, вели Карина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот...
1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре...
1536.- Со одлука на Парламентот во Англија е...
1610.- Умре италијанскиот сликар Микеланџело...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби