Зошто некои луѓе не можат да ослабат?

Да се изгубат килограмите за некои луѓе, без оглед на напорите, е невозможна мисија. Тие малку јадат, ги исфрлаат продуктите кои се помасни, се одрекуваат од слаткото, соленото, вежбаат, но килограмите никако не се топат. За што се работи?

Не е ретко да се слушнат луѓе кои имаат проблеми со вишокот на килограми како се жалат дека и од самиот поглед на храната се дебелеат. Секако, тоа е само метафора, со која се обидуваат да објаснат дека и покрај напорите да ги стопат вишокот на килограми, тие се лепат за нив.

Иако дебелите луѓе често се критикуваат од страна на останатите дека тие недоволно се грижат за себе, тоа не е вистина. Едноставно има луѓе кои од разни причини не можат да победат во борбата со килограмите. Еве некои од нив.

Телесната тежина има врска со добро избалансираната енергија, односно со калориите кои ги внесуваме во организмот и оние кои ги трошиме. Но како да оцениме колку калории е доволно за кој организам. Имено, две личности можете да ги ставите на иста диета и исти вежби, а резултатот може да биде целосно различен.

За што точно се работи, објасни Дејвид Катз, водител на Центарот за превенција на тежината на Yale. Калориите кои ги внесуваме во телото ги трошиме низ физичка активност, ги користиме за загревање на телото, да се разладиме, а децата ги користат за раст. Но, колку калории се потребни за овие работи? Тоа зависи од гените, телесната маса, обликот на телото, метаболизмот и низа на други фактори кои треба да се земат во предвид доколку сакате да ги изгубите вишокот на килограми.

Други фактори кои влијаат на телесната маса се нивото на хормоналните дисбаланси, како количеството на инсулин, лептин и тироидните жлезди, кои понекогаш се обвинуваат за зголемување на телесната тежина.

Сето ова треба да се земе во предвид и да не се осудуваат луѓето кои имаат вишок на килограми бидејќи тука не се работи за негрижа за здравјето, туку за поголеми здравствени проблеми.

За жал сè уште не е пронајдено решение како да се идентификуваат и поправат сите овие фактори кои влијаат врз насобирањето на килограмите. Некои можат да се решат до одреден степен, но не постои соодветно решение за сите. Ние едноставно мораме да научиме да живееме со она што сме и треба да се прифатиме себеси, бидејќи само така можеме да бидеме среќни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби