Македонски Телеком и Golden Drum Festival ве повикуваат да учествувате во наградниот конкурс за млади креативци. Оваа година задачата е да се изработат визуелни решенија на тема „Сруши ги предрасудите“, а право на учество имаат лица помлади од 30 години.

Победникот на конкурсот ќе добие влезница за учество, хотелско сместување и покриени патни трошоци за фестивалот Golden Drum, кој оваа година ќе се одржи на 13 и 14 октомври, во Порторож, Словенија. Додека второ и трето пласираните ќе добијат T Tablet 2 и T Phone 3.
Визуелните решенија на тема „Сруши ги предрасудите“ можат да бидат испратени во форма на постер, во печатена или дигитална форма. Тие треба да ги откриваат, предизвикуваат и рушат предрасудите со кои се соочува современото општество. Целта на конкурсот е да покаже дека предрасудите разделуваат, но креативноста обединува.
Предлозите може да се испраќаат најдоцна до 2 октомври, по е-пошта на NapraviMesto@telekom.mk со наслов „Натпревар за млади креативци“.
Повеќе информации за целиот конкурс можете да пронајдете на следниот линк.
Доставените предлози ќе ги оценува стручно жири, составено од: Јовица Рафајловски (Art Director во Saatchi & Saatchi Skopje), Сузана Штерјова (Marketing Communications and Media Expert, Македонски Телеком) и претставник од фестивалот Golden Drum.
Победникот ќе биде објавен на 4 октомври на веб-страната на telekom.mk и на официјалната веб-страна на Golden Drum.
Golden Drum е реномиран интернационален фестивал за маркетинг индустријата, кој своето прво издание го имаше во 2004 година и оттогаш изгради име како еден од најголемите и најважни фестивали во регионот, кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји од Европа. Дознајте повеќе за Golden Drum на следниот линк:
www.goldendrum.com