Се ближи концертот на летото: Јелена Розга под ѕвездите во Античкиот театар во Охрид!

Одбројувањето започна! До големиот концерт на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид остануваат само уште неколку дена, а дека интересот за ова музичко доживување е огромен зборува фактот што бројот на влезници во продажба веќе е ограничен.



Настанот, кој се најавува како концерт на летото, ќе се одржи на 29-ти јули и ќе донесе симфониски спектакл под отворено небо – вечер на емотивни балади, незаборавни хитови и сценска магија во придружба на гудачки оркестар.

„Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам, и еве, тој ден доаѓа”, вели Розга и додава дека со нетрпение го чека 29 јули.

Концертот под светлината на ѕвездите и во волшебниот амбиент на Античкиот театар се очекува да биде врвна музичка вечер, каде секој тон ќе ја пренесе страста и емоцијата што Јелена Розга несебично ја споделува со својата публика. Нејзините настапи се познати по високо ниво на продукција, харизма и блискост со публиката, а ова лето токму Охрид ќе има чест да биде домаќин на ваков спектакл. Зад организацијата на овој уникатен музички настан стои Евентум продукција.

Билетите иако во ограничен број се достапни исклучиво преку мрежата на yournextevent.info и на следните продажни места во Охрид: Кај Аждер, Тамаро (АСНОМ) и Тамаро 5 (бул. Туристичка).

Заокружете го 29 јули, резервирајте го вашето место и станете дел од ноќта за паметење, настанот што не смее да се пропушти – концертот што ќе се памети, ќе се прераскажува и ќе остане запаметен како една од најубавите музички вечери ова лето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе се враќа од школо.
- Тато, ај да честиш!
- Што бе да не помина одличен?
- Не, сите деца догодина ќе мораат да купуваат нови книги, а јас ќе си одам пак со старите.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1925.- Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња,...
1945.- Со одлука на Европската консултативна...
1984.- Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја...
1987.- Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби