Спасен Силјаноски со нова изведба на „Како што е таа чаша“ – омаж на македонската традиција

Во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ пред публиката пристигнува уште едно драгоцено музичко парче – „Како што е таа чаша“ во изведба на Спасен Силјаноски. Оваа безвременска, традиционална македонска народна песна со силен патриотски и сентиментален дух е вистински сведок на душата на нашиот народ – каде што личната болка се претопува во патриотски елан, а мелодијата ја раскажува борбата, тагата и гордоста низ кои сме чекореле како нација.



Во секој стих на „Како што е таа чаша“ се крие тивка исповед – за полното срце со јадови, за чашата со вино како утеха, за повикот на мајката и за одлуката да се земе пушката и да се појде в гора – не само како бунт, туку како чин на љубов и жртва за татковината.

Песната е отпеана од низа легендарни музички имиња - Александар Сариевски, Никола Бадев, Петранка Костадинова, Селимова – Желчевски… и токму таа богата историја ѝ дава дополнителна тежина на новата верзија, продуцирана и аранжирана од маестро Николче Мицевски, со гласот на Спасен Силјаноски – новото засилување во екипата што со љубов ја оживува македонската музичка традиција.

„Чест и задоволство е не само да се биде дел од еден ваков проект кој го чува и негува духот на традицијата и има за цел да го врати сјајот на едни од најубавите македонски песни, туку и да се отпее оваа песна. „Како што е таа чаша“ е песна која е една од омилените во моето семејство и песна без која не поминува ниту една наша седенка, па и не случајно изборот падна на неа“, вели Спасен.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува со својата благородна мисија – да го слави македонскиот музички идентитет преку современи преработки на највредните народни бисери. По топлите изведби на „Не кажувај либе добра ноќ“ од Огнен Здравковски, „Како пиреј“ од Ламбе Алабаковски и „Се собрале комитите“ од Миле Кузмановски, новата интерпретација повторно носи бура од емоции проткаени со гордост и љубов кон традицијата и татковината.

Во периодот што следува, љубителите на македонската песна ќе можат да уживаат во целосната збирка од проектот – песните ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци.“

Уживајте во „Како што е таа чаша“ и гласот на Спасен, и не заборавајте да ја почитувате убавата македонска музика:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби