Македонските кошаркари пристигнаа во Скопје

Македонските кошаркари кои го освоија четвртото место на Европското првенство во Литванија претпладнево со чартер лет од Каунас пристигнаа во Скопје. На аеродромот „Александар Велики“ ги пречекаа голем број граѓани кои дојдоа организирано со дваесеттина двокатни автобуси, како и со сопствени возила.

По пречекот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, ќе го предводат конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Ќе застанат на два пункта, во 12:30 часот кај ТЦ „Бисер“, каде што ќе ги пречека градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и околу 13 часот кај НБРМ, при што граѓаните ќе можат да ги поздрават.

Централната прослава на големиот успех ќе биде во 13 часот и 30 минути на плоштадот „Македонија“ кај споменикот „Воин на коњ“, на која ќе и претходи симболично минување низ портата „Македонија“.

Кошаркарите први ќе ги поздрават младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следи едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пеачи од македонската естрада  и изведби на навивачките химни и песни, презентација на извадоци од најдобрите спортски моменти на репрезентацијата...

Прославата треба да заврши во 14 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...