Проблеми за Голден Стејт Вориорс: Стеф Кари ќе отсуствува најмалку една недела

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе отсуствува најмалку една недела поради истегнување од прв степен на левата тетива, објави „ЕСПН“.



Датумот на враќање на Кари на теренот ќе зависи од тоа како кошаркарот ќе реагира на рехабилитацијата.

Еднонеделното отсуство ќе го остави Стеф Кари надвор од терените до следната среда и евентуалниот петти натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА) против Минесота Тимбервулвс во Минеаполис, доколку дојде до неа. Доколку има шести меч, тој ќе се игра на 18 мај во Сан Франциско.

Кари се повреди додека шутираше од средна дистанца во втората четвртина од победата на Вориорс над Минесота со 99-88 во првиот натпревар од серијата во вторникот во Минеаполис. Двократниот најкорисен играч во НБА и 11-кратен учесник во НБА Ол-стар натпреварот веднаш посегна по левата нога и им сигнализираше на клупата дека треба да го напушти теренот.

Стеф Кари (37), имаше просек од 24,0 поени, 5,9 скока и 5,7 асистенции во првото коло од плејофот против Хјустон Рокетс и им помогна на „воините“ да го совладаат ривалот во серија од седум натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...