Кошаркарите пречекани од илјадници граѓани

Илјадници граѓани денеска на аеродормот „Александар Велики“, низ улиците на Скопје и на плоштадот „Македонија“, им приредија величествен пречек на македонските кошаркарски репрезентативци кои го освија четврото место на Европско првенство во Литванија.

На скопскиот аеродром беа присутни на 5.000 илјади љубители на кошарката од цела Македонија. Тие допатуваа со 30-ина автобуси и стотици автомобили и мотоцикли со желба да бидат меѓу првите кои ќе им го честитаат големиот успех на избраниците на Марин Докузовски. Црвено-жолтата боја доминираше од илјадниците  македонски знамиња кои на на аеродромот ги вееја луѓе од најразлични возрасти.

Прва по слетувањето успехот од името на Владата на кошаркарите им го честита министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

- Вчера по поразот ни беше многу тешко. Имавме болка во срцето зошто не ја освоивме медалјата, но сега кога ве видовме тука со поддршката што ни ја давате, колку не почитувате, не ни треба медалја, вие сте нашата медалја. Нема да ве разочараме и понатаму ќе победуваме за вас, истакна пред насобраните граѓани селекторот Докузовски.

Тоше Гечевски, пак, рече дека чувствата се поделени, и радосни и тажни. - Бевме толку блиску до медал, но на крајот не го освоивме, додаде Гечевски.

- Покажавме кои сме. По победата над Хрватска и Грција веќе ја истакнувавме нашата кандидатура за висок пласман, а по победата над Грузија ни се отворија можности за влез во осумте најдобри. По триумфот над домаќинот Литванија влеговме во големата четворка, а сега ни преостанува на следното ЕП да освоиме медал, изјави Предраг Самарџиски.

По пречекот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, го предводеа конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Застанаа на два пункта, кај ТЦ „Бисер“ и кај НБРМ.

Централната прослава на големиот успех е на плоштадот „Македонија“ кај споменикот „Воин на коњ“, на која ќе и претходеше симболично минување на кошаркарите низ портата „Македонија“.

Кошаркарите први ги поздравија младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следи едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пејачи од македонската естрада  и изведби на навивачките химни и песни, презентација на извадоци од најдобрите спротски моменти на репрезентацијата...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...