Сеп Блатер останува во ФИФА до средината на декември

Претседателот на ФИФА во заминување, Сеп Блатер останува на функцијата до средината на декември, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на извори во Светската фудбалска федерација.

Според овие извори, вонредниот Конгрес на ФИФА на кој ќе треба да се избере наследник на Блатер е предвиден за 16 декември.



Вкупно 209 делегати на земјите членки во ФИФА, ќе одлучат за новиот претседател.

Официјално, засега не се споменува ниту едно име, но во Цирих велат дека ќе има „многу претенденти и кандидати“ за оваа функција.

Како можен кандидат и потенцијален фаворит, се споменува сегашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, а се верува дека одново ќе се пријави и јорданскиот принц Али бин ал Хусеин, кој како фаворит на САД и Британија, минатиот месец беше противкандидат на Блатер и загуби уверливо, уште во првиот круг од гласањето.

Сеп Блатер (79) најави повлекување од функцијата, само четири денови по повторниот, пети по ред, избор за претседател на ФИФА.

Швајцарецот кој работи во „куќата на светскиот фудбал“ уште од 1975 година, а 17 години е на чело на ФИФА, објави повлекување, по отворањето на двете полициски истраги за корупција во врвот на федерацијата- едната во САД, а другата во Швајцарија.

На 27 мај, на два дена пред Конгресот на кој се избираше претседател, во Цирих беа уапсени седумина нејзини поранешни и сегашни функционери, по налог на американското Обвинителство и на ФБИ. Тие се меѓу 14 лица обвинети во САД за земање поткуп, рекетирање и перење пари преку американски банки.

Признанието на поранешниот американски фудбалски функциоенр и едно време и функционер на ФИФА, Чак Блејзер, дека прифатил поткуп за да гласа Јужна Африка да биде домаќин на Мундијалот во 2010 година, предизвика отворање истрага и во Швајцарија, околу изборот на Русија и Катар за домаќини на следните две светски првнества.

Во наредните шест месеци, Блатер ќе продолжи да ја води ФИФА и во тој период се очекува да бидат спроведени реформите што веќе беа најавени, а за почеток-ограничувањето на мандатот на претседателот и откривањето на неговата плата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...