Ќе смениме нешто во играта и тактиката во однос на дуелот во Никозија

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион Вардар, Сергеј Андреев на денешната прес-конференција најави различно издание на неговите избраници во однос на првиот натпревар со АПОЕЛ во Никозија кога Вардар одигра 0:0.

- По средбата во Никозија кажав дека сум задоволен од резултатот, но не и од играта, иако 0:0 не гарантираат ништо. Во случај да примиме гол ќе треба да постигнеме два. За тимот што игра на гости 55% веројатно е позитивен резултат, 45 негативен. Тие пет проценти јас ги акцентирам на играта и на тактиката што ќе ја правиме на домашен терен, истакна Андреев.



Тој верува дека Вардар има сила да дојде до поволен резултат, но не сакаше да открива детали за составот и формацијата на „црвено-црните“.

- Очекувањата кај нашите навивачи се големи. Некои дури не прогласија за победници. Сепак прво треба да се совлада АПОЕЛ па после да се гледа за понатаму. Кај нас во Русија велат „Не треба да се дели кожата од мечката додека не биде уловена“. Кипарскиот тим е многу силен, но и тие имаат слаби точки, рече рускиот стратег и додаде дека најмалку од се посакува победникот да биде решен на пенали.

Тренерот на Вардар ги повика навивачите да го исполнат „Филип Втори“.



- Многу е пријатно да се игра пред полн стадион. Што повеќе навивачи и гледачи, толку поубаво е да се игра. Знаеме дека играчите се под психолошки притисок, ама тие се професионалци и мора да се носат со таквиот товар, нагласи Андреев.

Реванш натпреварот од 2.коло во квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Вардар и АПОЕЛ ќе се одигра утре од 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...