Денес се игра најризичниот меч во квалификациите за ЕП 2016

Долгоочекуваниот натпревар меѓу Албанија и Србија ќе се одигра вечерва во Елбасан и е прогласен од максимален ризик. Да потсетиме дека натпреварот меѓу Србија и Албанија пред една година во Белград беше прекинат поради дронот со знаме на Голема Албанија и масовна тепачка во која учествуваа фудбалерите и навивачите, па Спортскиот арбитражен суд реагираше со тоа што им ја додела победата на Албанците.

Поради тоа обезбедувањето за реванш-мечот ќе биде на максимално ниво. За сè да помине како што треба ќе се погрижат околу 1,500 полицајци, 400 редари, бројни сигурносни служби па дури и снајперисти и три хеликоптери кои ќе го надлетуваат просторот околу стадионот.

Сообраќајот е забранет во близината на стадионот, а околните кафулиња, продавници ќе бидат затворени, а навивачите ќе пројдат детален претрес и да покажат лична карта пред да влезат на стадионот.

Натпреварот во Елбасан ќе го суди најдобриот италијански судија Никола Рицоли, кој ги судеше финалињата на СП во 2014 и на ЛШ во 2013 година.

Претходно големо обезбедување имаше и на натпреварот против Португалија пред еден месец кој исто така се одигра во Елбасан, но и во 2004 година кога Албанија ја нагости Грција во Тирана во квалификациски натпревар.



Додека медиумите со денови извесуваат за најризичниот меч во квалификацискиот циклус фудбалерите ја смируваат тензијата.

„Одиме да играме фудбал, а не да водиме војна. Не ни е потребна тензија која се создава поради политички работи бидејќи овој натпревар е како секој друг. Сметам дека сме поквалитетни и дека можеме да го добиеме мечот. Победата против Албанија ја посакувам повеќе од што било друго“, изјави српскиот репрезентативец Лука Миливојевиќ.

Неговиот соиграч Ненад Томовиќ е свесен дека ќе трпат провокации, но мора да се воздржат и да не избувнуваат по секоја цена.

„Ривалитетот меѓу двете репрезентации е огромен и поради тоа победата е важна за двете селекции. Очекуваме провокации од нивните фудблаери бидејќи ќе сакаат да ни се одмаздат за мечот во Белград. Не смееме да реагираме непримерно“, вели играчот на Фиорентина.

„Не би требало да има проблеми во Албанија. Нивниот фудбалски сојуз се труди да го максимално да го обезбеди натпреварот и се да пројде во фер и спортски дух. Сигурно не сакаат инциденти кои би довеле санкции од УЕФА“, вели Стефан Митровиќ, играчот кој го спушти знамето на Голема Албанија закачено на дронот што ги предизвика немилите сцени во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...