Мурињо ќе добие отказ во Челзи

Челзи продолжува со очајните игри во англиската Премиер-лига и веќе има двојно помалку бодови од водечкиот двоец Манчесер Сити и Арсенал. Тимот од „Стемфорд бриџ“ има дури пет порази по само 10 меча. Колку за споредба, минатата сезона кога станаа прваци, во 38 меча загубија само трипати. Овие бројки само покажуваат во колку лоша форма е тимот во моментов.

 

Обично кога не му оди на тимот, прв на отстрел е тренерот. Во овој случај тоа е Жозе Мурињо. Португалскиот стратег веќе еднаш беше тема на муабет кај газдата Роман Абрамович, кој реши да му даде доверба. Тогаш зад стратегот застанаа и сите играчи велејќи дека Мурињо е вистинското решение за клупата. Сепак, и по тој состанок, Челзи одигра неколку меча, а ситуацијата на теренот воопшто не се промени.

ИМА САМО ЧЕТИРИ ПОБЕДИ ВО 13 МЕЧА

Челзи едноставно не може да победи. Покрај само трите триумфи во 10 меча во првенството, тие имаат само една победа во три средби од Лигата на шампионите. Токму затоа повторно се појавија шпекулации дека можеби се гледа крајот на втората ера на Мурињо на „Стемфорд Бриџ“. На последниот меч против градскиот ривал Вест Хем, Челзи загуби со 2:1, а Мурињо едноставно збесна. На полувремето имаше вербална расправија со судиите. Тој постојано ги потенцира судиите како главни виновници за неуспесите на тимот, но, сепак, не може на секој натпревар, арбитрите да бидат тие кои се сопирачка за Челзи да игра во ритамот од минатата сезона.

ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ

Поради испадот против Вест Хем, Мурињо доби црвен картон и се очекува да биде суспендиран. Челзи во следниот меч го очекува дерби дуел со Ливерпул. Токму тој меч може да биде и последен на Мурињо како предводник на Челзи. Се верува дека Португалецот добил ултиматум, да во случај на нов пораз, тоа ќе биде крај за неговата доверба. Средбата се игра в сабота, на „Стемфорд бриџ“.



АНЧЕЛОТИ И ХИДИНК ЈА МЕРКААТ КЛУПАТА

Ако шампионот доживее нов неуспех, тогаш Мурињо може да почне да ги пакува куферите за заминување. Како главни кандидати за негови наследници веќе се спомнуваат Карло Анчелоти и Гус Хидинк. Анчелоти веќе има искуство на клупата на Челзи бидејќи го водеше тимот во периодот од 2009 до 2011 година. Моментно двајцата докажани стратези се без работа.

Мурињо летово потпиша четиригодишен договор со Челзи, според кој треба да заработи 30 милиони фунти. Во клаузулата на договорот стои дека дури и да добие отказ, на Португалецот ќе треба да му бидат исплатени тие пари, што му дава некаква сигурност на тренерот дека нема така лесно да добие „шут-карта“ од лондонскиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...