Црвена звезда славеше во 150. дерби, Бабунски не доби шанса

Големото дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда одиграно на теренот на „црно-белите“, го добија гостите со 2:1.

Јубилејното 150. дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда му припадна на гостинскиот тим, кој славеше со 2:1. За жал македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски не доби шанса да заигра на овој голем меч, остана на клупата за резерви.

Лидерот на табелата ја продолжи победничката серија и со оваа победа е многу блиску до титулата, а проблемите во Партизан продолжуваат, со оглед дека овој тим е далеку и од таа втора позиција, а во новата сезона тимот од „Хумска“ има два порази по ред.

Иако Партизан добро тргна и поведе на белградското дерби уште 17 минута. Погоди новиот фудбалер Гугу кој со глава погоди во мрежата. Црвена звезда веднаш, после седум минути врати со погодокот на Ибањез од слободен удар. Партизан имаше веднаш прилика за ново водство, меѓута Кахриман одбрани, а потоа во листата на стрелците се запиша и најдобриот стрелец Уго Виеира кој го сврте резултатот во 33 минута.

Црвена звезда последните 20 минути ги играше со играч помалку по црвениот картон на Луковиќ, а сите шанси кои ги имаше Партизан за израмнување, ги одбрани Кахриман и не дозволи неговиот тим да загуби два бода. За потсетување дека Црвена звезда го доби и првиот меч на „Рајко Митиќ“ во есенскиот дел од сезоната, и сега по оваа победа се на +32 поени од својот најголем ривал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...