Реал сака големи засилувања во летниот период

Реал Мадрид ја загуби трката за титулата во шпанското првенство и мораше да му честита на вечниот ривал Барселона. Сепак „кралскиот клуб“ уште има шанса да ја заврши сезоната на триумфален начин, бидејќи ги очекува финалето во Лигата на шампиони. Најтрофејниот европски клуб ги очекува дуел со градскиот ривал Атлетико. Финалето ќе се игра на 28 мај во Милано. Реал ќе го брка 11 трофеј за најдобар тим на стариот континент, додека Атлетико се надева на историски прв успех. Овие два тима играа и пред две години, а тогаш пехарот заврши на „Сантијаго Бернабе“.

ЌЕ СЕ ПРАВИ ТИМ ЗА ТРОЈНА КРУНА

Некогашната фудбалска легенда на Реал, Зинедин Зидан сега има шанса да се радува и како тренер. Францускиот стратег може да влезе во историјата, бидејќи пред само шест месеци седна на клупата, а сега може да го го крене најзначајниот трофеј. Иако оваа сезона уште не е завршена, челниците на клубот веќе размислуваат за потезите кои треба да ги направат за да имаат уште поуспешна следна година.

Според најавите, во Реал е направен список од осум докажани фудбалски ѕвезди кои ќе пробаат да ги доведат во летниот преоден рок. „Кралевите“ сакаат да создадат тим кој ќе се бори за освојување на тројната круна, односно триумф во Примера, во Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.

АЗАР И ПОГБА ПРВИ ОПЦИИ

Први ѕвезди на таа листа на мадриѓани се Еден Азар од Челзи и Пол Погба од Јувентус. Според пресметките Азар има пазарна цена од 70 милиони евра, додека Погба чини нешто поевтино и за него треба да се одвојат 65 милиони евра. Ќе биде многу тешко да се донесат еден од овие двајца играчи на „Сантијаго Бернабе“, бидејќи тоа се глави ѕвезди во своите екипи. Од таборот на Челзи и Јувентус во опција се и голманот Тибо Куртоа, односно напаѓачот на „старата дама“ Алваро Мората.

ИНТЕРЕСНИ И ДВАЈЦА ОД ЛЕСТЕР

Англискиот првак Лестер мака мачи да го задржи тимот кој го направи историскиот успех во Премиерлигата. Ниту Реал не остана имун на одличните игри на до пред неколку месеци анонимните Ријад Марез и Н’Голо Канте. Алжирскиот репрезентативец ја доби наградата за најдобар играч во Премиерлигата, а Реал секогаш атакува на тие играчи. Францускиот дефанзивец Канте играше одлично и би бил големо засилување во дефанзивата.

ИМА ИНТЕРЕС И ВО БУНДЕСЛИГАТА

Речиси нема големо првенство од кое Реал не сака да пазари. на радарот им се двајца играчи од германската Бундеслига. Се работи за напаѓачите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски и Пјер-Емерик Обамејанг. Тоа се двајцата најдобри напаѓачи во Германија во моментов, а би било одлично ако барем еден од нив се најде во дресот на Реал за следната сезона.



ОСУМ ИГРАЧИ КОИ СЕ НА РАДАР НА РЕАЛ МАДРИД

Играч Тим Пазарна вредност

Еден Азар Челзи 70 мил. евра

Роберт Левандовски Баерн М. 70

Пол Погба Јувентус 65

Пјер-Емерик Обамејанг Борусија Д. 45

Тибо Куртоа Челзи 35

Алваро Мората Јувентус 25

Ријад Марез Лестер 20

Н’Голо Канте Лестер 10



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...