Кобра го возврати ударот

Контра-удар на нашиот најдобар фудбале за 20. век, Дарко Панчев на обвинувањата на Горан Пандев за деструктивното однесување

Во малку несекојдневна атмосфера, во емисија која има исклучиво забавен карактер, македонскиот фудбалер на 20. век Дарко Панчев возврати на обвинувањата од ни помалку ни повеќе Горан Пандев. Пандев пред неколку дена јавно на емисијата на ФФМ – ТВ го обвини Панчев директно, за деструктивно однесување, за неинволвирање во фудбалот, за нарушување на атосмферата во мак фудбалот. Панчев ретко се одлучува да возврати на многумина кои го напшаднале, јавно но очигледно овојпат му „прекипе“.

„Дали се ова тешки обвинувања, мислам дека не се. Малку чудно, но од една страна ме обвинуваат дека сум ја нарушувал атмосферата во фудбалот, а од друга страна дека не сум се инволвирал петнаесетина години. Контрадикторно во старт. Како второ, јас ли сум тој кој ги тера навивачите да не доаѓаат на стадион? Секако дека не. Така да тоа се некои небулози кои не држат вода“ изјави Панчев во интервју за емисијата „Влези-вози“ на штипската телевизија „Ирис“

“Не знам Пандев зошто се става во ваква ситуација.Тој е заморче на луѓето во ФФМ. Не знам зошто има потреба од такво нешто. Веројатно има некаков личен интерес не знам. Но да тврдите дека ние од надвор ја расипуваме атмосферата во репрезентацијата па тоа е смешно. Па токму Пандев и неговата генерација на два пати се шести во квалификациите. Токму Пандев нема шест години дадено гол во репрезентација. Епа Дарко Панчев ли е виновен за тоа? - јавно прашува Панчев.

ДОНЧЕВСКИ Е СЕНИЛЕН И ЗЛОУПОТРЕБЕН ОД ФФМ

Потоа Панчев се сврте кон уште една македонска фудбалска легенда, првиот наш селектор Андон Дончевски кој исто така го критикуваше Панчев неодамна.

„Видете, многу некоректно од ФФМ што го злоупотреби човекот. Тоа е осумдесет и повеќе годишен човек. Прашање е колку Дончевски бил свесен што и како изјавува, а тоа се зема како сериозен став и беше лиферувано во јавност. Истото мислам дека е и во случајот со Пандев. Човекот е изманипулиран. Има успеси, има прекрасна кариера, не знам зошто му е ова потребно„ - додава Панчев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...