Катарски инвеститори покажаа сериозен интерес да го откупат името на стадионот на Барселона. Најголемиот стадион во Европа, „Ноу Камп“, е дом на шпанскиот првак, а катарски инвеститори се надеваат дека ќе успеат да го откупат името на домот на „каталонскиот гигант“.
Барселона веќе има соработка со катарците бидејќи авиокомпанијата „Катар Аир“ е спонзор на предниот дел од дресот. Таа соработка е до 2017 година, а може да се случи соработката да биде продолжена.
Катар сака да ѝ предложи на Барселона да им биде еден од клучните партнери во промоцијата на Светското првенство кое во 2022 година ќе се одигра во азиската земја.