Никогаш на клупата на Барса и на Атлетико

Актуелниот тренер на Баерн Минхен, а поранешен стратег на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се изјасни дека никогаш нема да седне на клупата на двата најголеми ривали на „кралевите“. Тој е сигурен дека не планира да работи во клубови коишто се во директна постојана битка со Реал Мадрид поради тоа што има преголема почит кон клубот.



„Никогаш нема да седнам на клупата на Атлетико Мадрид и на Барселона. Не планирам да работам во клубови кои се најголеми ривали за титулите во Шпанија со Реал Мадрид. Едноставно ја почитувам историјата на ривалството, но дефинитивно не би можел да играм против Реал Мадрид со клуб кој се натпреварува во иста лига и е на речиси исто рамниште според квалитетот. Јас бев две години тренер на Реал и имам убави спомени од овој клуб“, вели Анчелоти.

Воедно има и две екипи од Италија од кои исто така не би работел никогаш.

„Она што важи за Барселона и за Атлетико Мадрид во Шпанија важи и за Лацио и за Интер во Италија. И во овие тимови исто така не би можел никогаш да бидам тренер“.

НЕ САКА ДА БИДЕ СЕЛЕКТОР

Покрај тоа што соопшти за кои екипи никогаш не би работел во иднина, Анчелоти признава и дека не сака да работи како селектор бидејќи неговата желба е да биде активен секој ден, а не само на периоди.

„После разделбата со Реал Мадрид имав понуда да го преземам водењето на Милан, но тогаш проценив дека не е вистинскиот момент за таков чекор. Дали еден ден одново ќе водам тим од Серија А? Не знам. Можеби. Сепак, јас сум Италијанец и, веројатно, би се вратил во земјата и би работел. Она во што сум сигурен е дека не би го преземал водењето на националниот тим. Моја желба, сепак, е секојдневна работа во некој клуб“, изјави Анчелоти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...