Барселона со неверојатен финиш стигна до четвртфиналето на ЛШ

Фудбалерите на Барселона успеаја да направат подвиг откако во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите синоќа успеаја да ја надополнат негативата од 0:4 од првиот дуел со ПСЖ и со победа од 6:1 на „Камп Ноу“ да се пласираат во следната рунда.

Барселона имаше водство од 3:0 со головите на Луис Суарез (3.минута), Курзава (автогол – 40.минута), Лионел Меси (50.минута – пенал). Потоа Едисон Кавани за ПСЖ постигна гол во 62.минута, а во фуриозниот финиш Барселона постигна уште три голови: Нејмар 88 и 90+1 минута (пенал) и Серхио Роберто во 90+5.минута. Вкупниот резултат е 6:5 за Барселона.

На вториот дуел одигран синоќа Борусија Дортмунд ја совлада Бенфика со 4:0 и ја анулира предноста на ривалот од првиот дуел од 1:0. Хет-трик за Борусија постигна Пиер-Емерик Обамејанг, а стрелец на четвртиот гол беше Кристијан Пулишиќ.

Пласман во четвртфиналето досега имаат обезбедено: Реал Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд и Барселона.

Другите четири реванш осминафинални дуели се играат на 14.март: Јувентус – Порто (2:0 прв натпревар), Лестер – Севиља (1:2) и на 15.март: Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (4:2) и Монако – Манчестер Сити (3:5).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...