EП фудбал У-21: Македонија против Португалија во третото коло од групната фаза

Гдиња, 23 јуни 2017 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гдиња против Португалија ќе го одигра последниот натпревар од Б-групата на Европското првенство за играчи до 21 година.

Селекторот на Македонија Благоја Милевски очекува неговите избраници и на овој натпревар да прикажат борбена игра со максимално залагање.

- Очекувам да се бориме за секоја топка и да се обидеме ја искористиме секоја шанса. Португалија е тим со одлични поединци, одиграа на високо ниво на двата натпревари, слично како и на квалификациите. Впрочем, Португалија заедно со Македонија ја имаше најдолгата низа на натпревари без пораз. Ние го почитуваме противникот, но ќе дадеме се од себе на најдобар начин да го завршиме натпреварувањето по групи од Европското првенство. Ритамот на натпревари физички исцрпува и поради тоа ќе има неколку замени во почетниот состав, изјави Благоја Милевски.

Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути. Во исто време во Бидгошч ќе играат Србија – Шпанија.

На табелата лидер е Шпанија со 6 бода, Португалија има 3, Србија и Македонија по 1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...