Реал ја надмудри Барса за Себаљос

Европскиот шампион Реал Мадрид го претстави своето трето и најдобро засилување во досегашниот дел од преодниот рок (по Ваљехо и Ернандес), а тоа е младинскиот шпански репрезентативец Дани Себаљос. „Кралскиот клуб“ потврди дека постигнал договор со Бетис, а фудбалерот потпишал договор на шест години. Исто така, клубот потврди дека Себаљос ќе биде претставен на 20 јули, на „Сантијаго Бернабе“, а ден подоцна експедицијата патува на подготовки во САД.

За трансферот на Себаљос, Реал ќе му плати на Бетис 18 милиони евра, три милиони повеќе отколку што изнесува неговата откупна клаузула и на тој начин ја надмудри Барселона, која, исто така, го сакаше младиот шпански репрезентативец.

На неодамна завршеното Европско првенство во Полска, Себаљос беше прогласен за најдобар играч на турнирот и така го сврте вниманието на најголемите шпански клубови. Роден е во Утреа, во провинцијата Севиља и играл за младинските категории на двата најголеми клуба од овој регион. Како осумгодишен, дошол во Севиља, но неколку години подоцна, му ја покажале излезната врата поради тоа што имал хроничен бронхитис. Оттаму продолжил во Бетис, со кој во 2014 година потпишал професионален договор. За три години во зелено-белиот дрес, запишал 98 настапи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...