Конте ќе заработи 20 мил. фунти за две години

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, потпиша нов договор со лондонскиот клуб, кој е на две години и со фантастични услови. Италијанецот пристигна во Челзи летото 2016, кога стави параф на тригодишна соработка и сега не го продолжи договорот, туку потпиша нов, со подобри финансиски услови.

„Среќен сум што потпишав нов договор со Челзи. Одлично работевме во првата година за да оствариме нешто неверојатно и горд сум поради тоа. Сега треба да работиме уште посилно за да останеме на врвот. Фановите на Челзи ми дадоа огромна поддршка од моментот кога дојдоа на „Стемфорд бриџ“. Затоа е важно да продолжиме заедно“, изјави Конте, кој го презеде Челзи по ЕП 2016 и уште во првата сезона во Лондон ја донесе титулата во Премиер лигата.

Новиот договор предвидува фантастични девет милиони фунти од сезона. Како споредба, според претходниот договор, на Конте му следуваа 6,5 милиони фунти од сезона. Сега таа сума е драстично зголемена и за две години ќе заработи 18 милиони фунти, открива „Дејли меил“. Според „Сан“, платата на Италијанецот е повисока и изнесува 20 милиони фунти за следните две години.

Она што е интересно, Конте не сакал да потпише на поголг период, туку инсистирал договорот да биде до 2019 година, па потоа, ако е потребно, да биде продолжен. Клубот првично сакал тој да стави потпис на соработка до 2021 година, што нему не му се допаднало.

Конте направи револуција во Челзи по пристигнувањето. Точно е дека имаше бавен старт, но откако ја промени тактиката во 3-5-2, работите тргнаа кон подобро, а клубот запиша и рекорд од 13 едноподруго победи во Премиер лигата. Освен успехот во Премиер лигата, Челзи стигна и до финалето на ФА- купот, кое го загуби од Арсенал.

Конте успеа да го крене тимот, кој пред неговото доаѓање, заврши на 10. позиција во првенството на Англија, без излез во европските купови. Бруталните тренинзи, промената на режимот на исхрана и вметнувањето на тактиката со тројца дефанзивци беа клучот на успехот. Во новата сезона, Челзи ќе игра на четири фронта, затоа што се враќа во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...