Сари незадоволен од играта против МОЛ Види

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека не e особено задоволен од победата на неговата екипа со 1:0 над МОЛ Види во Лигата на Европа.



Алваро Мората ја донесе победата на тимот од Лондон, но тој исто така се истакна и со неколку шокирачки промашувања. „Сините“ на „Стемфорд Бриџ“ не успеаја да постигнат втор гол и да решат сè во своја корист, и мораа да треперат до последно неколку пати, бидејќи гостите пропуштија добри можности за да израмнат.

- Мислам дека не игравме добро. На највисоките позиции бевме пристојни и создадовме ситуации, но во одбраната дозволивме многу грешки. Треба да играме за три дена и тоа е тешко. Затоа мораме да го имаме вистинскиот менталитет. Постои опасност во секој натпревар да излеземе без доволно психичка сила и енергија. Сепак, јас сум среќен со тимот. Ова е тежок период од сезоната, а најважни се резултатите, сподели Италијанецот по мечот.

Тој додаде дека ќе мора да замени многу играчи за следниот натпревар со Саутемптон.

- Ќе ни биде тешко да се подготвиме, бидејќи многу играчи ќе бидат уморни утре, рече Сари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...