Спортски викенд со Арена Спорт каналите достапни за сите MaxTV корисници

На ден сме пред стартот на спектакуларниот спортски викенд на 1 и 2 јуни, кога ќе се одиграат најважните два спортски настани на годината: ракометниот Final 4 во Келн и финалето од UEFA Champions League.

Натпреварите ќе може да се следат на Арена спорт каналите кои овој викенд ќе бидат достапни за сите корисници на Max TV на Македонски Телеком.

Спектакуларен спортски викенд за сите Max TV корисници! Овој викенд, сите Арена спорт канали, достапни за сите Маx TV корисници! Во сабота, прво гледаме Final 4 и навиваме за Вардар, а веднаш потоа, уживаме во епското финале од UEFA Champions League! Во недела го следиме големото ракометно финале и борбата за трето место. Подгответе се, возбудата кулминира!

Posted by Telekom MK on Monday, May 27, 2019

Во сабота, македонскиот ракометен шампион Вардар ќе се соочи со фаворизираната Барселона во првото Final 4 полуфинале. На изненадување на сите „Црвено-црните” ги оставија сите проблеми зад себе и одиграа нова фантастична сезона во елитата, која на крај беше зачинета со моќно издание против ПИК Сегед и заслужен пласман во Ф4. Во недела ќе биде големото ракометно финале и борбата за трето место.

А епското финале од UEFA Champions League е приказна за себе! Сите оние кои ги гледаа возбудливите полуфинални натпревари, сега имаат уште поголеми фудбалски очекувања. А Тотенхем и Ливерпул, по она што го прикажаа оваа сезона, дефинитивно имаат уште што да покажат. Лигата на шампионите никогаш не била помагична, поинтересна и повозбудлива, затоа, договорете друштво, купете омилени пијалаци и грицки и подгответе се за возбудата која доаѓа!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...