Почетино: Сакам да се вратам како тренер час поскоро

Маурисио Почетино потврди за аргентинските медиуми дека неговата желба е веднаш да се врати во професијата. 47-годишниот стручњак го напушти Тотенхем, откако беше отпуштен минатиот месец, по пет години години на чело на „петлите“.



После заминувањето, Почетино отпатува во родната Аргентина за да гледа натпревар на неговиот прв клуб Њуелс Олд Бојс во неделата.

– Сега има толку многу тимови и привлечни проекти. Најважната работа за мене сега е да го расчистам умот откако поминав повеќе од пет и пол години во Тотенхем. Мојата цел е да ги наполнам батериите брзо и да ја вратам мојата мотивација. Сакам да се вратам како тренер час поскоро. Тешко е да се замисли проект во Аргентина. Сега ми треба малку мир на умот и ќе видиме што ќе се случи. Мојата прва одлука беше да се вратам во Аргентина да го посетам мојот дом и да ги видам моето семејство и пријатели. Очекувам да се вратам во Европа наскоро и да донесам одлука. Најдоброто нешто сега беше да се дојде во Аргентина за десет дена. На моја возраст, не ми треба многу време за да се опоравам и сум отворен за предлози, призна 47-годишниот тренер.

Почетино е сериозно поврзуван за преземањето на функцијата во Манчестер Јунајтед, откако Оле Гунар Солскјер е под голем притисок по само четири победи во Премиер лигата од почетокот на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...