Прандели победата над Јувентус ја посвети на навивачите на Фиорентина

Торино, 23 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Фиорентина, Чезаре Прандели им ја посвети на своите навивачи победата над Јувентус со 3:0 остварена синоќа на теренот на противникот.

– Оваа победа им ја посветуваме на нашите навивачи. Тие се секогаш со нас и ги преживуваат тешките моменти на клубот. Се надевам дека овој резултат може да покаже дека работиме напорно. Бевме наградени за нашиот труд. Играчите го покажаа својот карактер. Јасно е дека сега сме на место на табелата кое не го посакуваме, изјави Прандели за „Фудбал Италија“.

Фиорентина е 14-та во италијанскиот фудбалски шампионат со 14 бода. Јувентус е на четвртото место со 24 бода. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...