Лапорта: Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона

Претседателот на фудбалскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта, рече дека би сакал Аргентинецот Лионел Меси да ја заврши кариерата во каталонскиот клуб.



Откако дел од шпанските медиуми објавија претходно дека тренерот на Барселона, Чави Ернандез, побарал од клупското раководство да ја разгледа можноста за враќање на Аргентинецот, Лапорта појасни дека, засега, тоа е само желба која би сакал да се оствари. Лапорта додаде дека сè уште не е отпочната каква и да е процедура по тоа прашање.

– Времето на Меси во Барса не заврши на начин како што сакавме, објасни Лапорта, мислејќи пред сè на „економските причини“ кои доведоа аргентинскиот фудбалер по 16 години на „Камп Ноу“ да замине од клубот и да потпише со ПСЖ.

– Мислам дека Барса има морален долг кон Меси. Би сакале да ја заврши кариерата во Барселона и да добие овации на сите полиња. Се надеваме дека таа желба ќе ја преточиме во стварност, изјави Лапорта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...