Клоп: Нуњез не смее да паѓа на провокации

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше Дарвин Нуњез по исклучувањето на натпреварот синоќа со Кристал Палас од второто коло на Премиер лигата.

Средбата на „Енфилд“ заврши без победник 1:1, а Нуњез доби црвен картон во 57. минута.

– Почетокот на натпреварот беше навистина добар. Токму тоа го сакавме, покажавме голема желба. Сè беше под наша контрола. Меѓутоа, во некои ситуации едноставно немавме среќа. Планот на Кристал Палас за овој меч беше да играат со петмина во задната линија брзо да напаѓа преку контри. Примивме гол. Второто полувреме започна позитивно, но црвениот картон беше нокдаун. Се разбира, имаше причина за исклучување, но Дарвин беше испровоциран. Тој не треба да се однесува вака. Успеавме да го израмниме резултатот со играч помалку и вложивме големи напори. Затоа сега се чувствувам горд, изјави Клоп за „Би-би-си спорт“.

Дваесет и тригодишниот Уругваец доби црвен картон во 57. минута поради ударот со глава на дефанзивецот Јоаким Андерсен.

Ливерпул е на 12. место на табелата во Премиер лигата со два бода. Кристал Палас е на 17. позиција со еден бод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...