СП2022: Ноер голман со најмногу настапи на светските првенства

Германија имаше настап за заборав на Мундијалот во Катар на кој не успеа да ја мине групната фаза и покрај вчерашниот триумф над Костарика (4-2), но голманот Мануел Ноер на тој натпревар испиша страница во историјата на светските првенства, откако на 36-годишна возраст стана голман со најмногу настапи.

Дуелот против Костарика за Ноер беше вкупно 19 на светските првенства со што ги надмина сонародникот Сеп Маер и Бразилецот Клаудио Тафарел, кои кариерите ги завршија со 18 настапи.

-Навистина? Ах, штета! Па подобро ќе ми беше да одиграм уште некој натпревар на тоа Светско првенство 1970 во Мексико, духовите се пожали Сеп Маер во разговор за германските медиуми. На тој Мундијал, Германија испадна во полуфиналето, а Маер не беше во составот во натпреварот за третото место.

Новиот рекордер според бројот на настапи на светските првенства на голманската позиција претходно не исклучи можност да брани и на Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико, но зачестените повреди во последно време би можеле да му го закомпликуваат сонот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...