Британскиот милијардер Ретклиф сака да го купи Манчестер јунајтед

Британската мултинационална компанија Инеос (Ineos), која во 1998 година ја основаше Џим Ретклиф (70), официјално влезе во процесот за купување на англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед.

-Можам да потврдам дека официјално влеговме во процесот, изјави портпаролот на Инеос за британските медиуми.

Сегашните сопственици на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, кон крајот на минатата година објавија дека почнале да разгледуваат опции за 20-кратниот англиски шампион, вклучувајќи нови инвестиции или потенцијална продажба, 17 години откако го купија клубот од Олд Трафорд.

Инеос е четврта по големина хемиска компанија во светот, а нејзиниот сопственик Ретклиф е меѓу најбогатите Британци.

Во изминатите две децении неговата компанија прерасна во гигант со 19.000 вработени и годишен промет од над 60 милијарди долари.

Личното богатство на Ретклиф се проценува на над 15 милијарди фунти, а познат е по поддршката што ја даде за британскиот излез од Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...