Неумесно е да се споредуваат италијанските клубови со англиските

Поранешниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо проговори за нивото на Премиер лигата и Серија А.

- Тешко е да се игра против италијански тимови, но споредбата со англиските клубови е несоодветна - тоа е поинаков свет. Премиер лигата е НБА за фудбалот. Во Италија повеќе не можам да купувам силни играчи, како пред 20 години. Треба да измислиме нешто со младите играчи. Годината кога го тренирав Наполи, ја пропуштив Лигата на шампионите иако освоивме 77 бода. Веќе неколку години треба да дадете се од себе, го цитира Гатузо „Фудбал Италија“.

Четириесет и петгодишниот Италијанец работеше во Наполи од 2019 до 2921 година. Последната работа на специјалистот беше Валенсија, која ја напушти во јануари 2023 година.

Во тековната сезона во четвртфиналето на Лигата на шампионите се пласираа три екипи од Италија, две од Англија, по една од Шпанија, Германија и Португалија, по што пораснаа „акциите“ на калчолигашите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...