
Фудбалерките во Шпанија издејствува зголемување на платите и го прекинаа штрајкот, соопшти денеска раководното тело (ФПФ) на женскиот фудбал во оваа земја.
Фудбалерките стапија во штрајк на почетокот на овој месец, откако не успеаја да постигнат договор со раководството на Лигата за подобри услови и повисоки плати.
Штрајкот вроди со плод и двете страни сега постигнаа договор.
„Посветеноста и пожртвуваниот напор на клубовите за време на преговарачкиот процес дадоа темелен придонес преку потребното мирно сценарио, без, притоа, да се изгуби од вид одржливоста на натпреварувањето“, соопшти ФПФ.
Двете страни потпишаа договор со важност во следните три години кој предвидува сегашната минимална плата од 16.000 евра да се зголеми на 21.000 евра за претстојната сезона, додека минималната плата во сезоната 2024/25 ќе изнесува 22.500 евра, а 23.500 евра во сезоната 2025/26.
Штрајкот дојде во време кога шпанскиот женски фудбал ја освои светската титула, а потоа влезе во хаос по скандалот со претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, кој на церемонијата на доделувањето на златните медали ја бакна в уста репрезентативката Џенифер Хермосо, без нејзина согласност.