Бразилецот Филипе Луис ја заврши кариерата

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Филипе Луис на 38-годишна возраст стави крај на кариерата во која настапи на 44 натпревари во националниот дрес, а најголемите успеси на клупски план ги постигна како играч на Атлетико Мадрид и Фламенго.

„Тоа беше тешка одлука. Оние кои ме познаваат, знаат дека на моето семејство и на пријателите им говорев дека сакам да играм до 45. година, но, за жал, тоа нема да биде можно“, наведе Луис во видеопорака која ја објави неговиот клуб Фламенго.

Својот последен натпревар во кариерата ќе го одигра в недела против Кујаба во рамки на бразилското првенство.

„Сакам да го затворам ова поглавје и да почнам нова фудбалска приказна“, порача Луис, кој во својата кариера освои шест трофеи во дресот на Атлетико Мадрид и четири во дресот на Фламенго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...