
Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги искажа своите впечатоци по синоќашната победа над Лутон во натпреварот од 15. коло на англискиот фудбалски шампионат.
„Топчиите“ на гостински терен победија со 4:3, победничкиот гол го постигнаа во седмата минута од судиското надополнување.
- Знаевме дека тука ќе има голема битка. Арсенал си ја отежна задачата со примените голови. Духот на тимот, начинот на кој се боревме, ги покажавме нашите најдобри квалитети во вистинските моменти и не се предававме. Ова го покажавме и денеска добивме награда. Понекогаш треба да му дадете признание на противникот. Огромен комплимент за Лутон, тоа беше тежок натпревар. Денес сум навистина среќен тренер, изјави Артета за „Би-би-си“.
Во поредокот во Премиер лигата, Арсенал е лидер со 36 бодови, Ливерпул има 31, Манчестер сити 30. Лутон е на 17. место со 9 бода.