Брајтон оствари рекордна добивка од близу 123 милиони фунти

Англискиот фудбалски клуб Брајтон објави рекорден профит од 122,8 милиони фунти во фискалната 2022/2023 година, што е најуспешна сезона во историјата на премиерлигашот.

Добивката по оданочување порасна на годишно ниво за речиси 100 милиони фунти, од 24,1 милиони, а прометот се зголеми за 17,2 отсто на рекордни 204,5 милиони фунти, објави Би-Би-Си.

Брајтон минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата, стигна до полуфиналето на ФА Купот и имаше огромни трансфери на неколку клучни играчи.

„Ова секако ќе го привлече вниманието поради водечките бројки. Во сезоната во која испишавме историја на теренот, направивме огромен чекор напред кон долгорочната цел на клубот да стане поодржлив, помалку потпирајќи се на дарежливите инвестиции на сопственикот Тони Блум“, рече извршниот директор на Брајтон, Пол Барбер.

Рекордните бројки на Брајтон се објавени во време кога неколку клубови од Премиер лигата се соочуваат со казни поради прекршување на правилата поради големи финансиски загуби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...