Инфантино:Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

Во фудбалот има проблеми“, изјави претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, повикувајќи на единство во борбата против расизмот и насилството.



Првиот човек на ФИФА во обраќањето на Конгресот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Конмебол) во Асунсион нагласи дека „мораме да бидеме обединети против расизмот и насилството што постојат во светот“.

„Мора да бидеме обединети во борбата против расизмот. Винисиус и другите играчи страдаат од тоа. Нападите против нив немаат причина да постојат. Мора да бидеме обединети против насилството што постои во светот“, изјави Инфантино.

„Мораме да дејствуваме со влади, тимови, играчи. Одењето на стадион мора да биде празник“, додаде првиот човек на ФИФА.

Голем број фудбалски натпревари, особено во Европа, беа прекинати во последните недели поради расистички немири на трибините. Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, кој неодамна се расплака додека зборуваше на прес-конференција за борбата против дискриминацијата, често е мета на расистички навреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...