|
|
|
Енрике: Прекрасно е чувството кога гледате како вашиот тим ги прави среќни луѓетоТренерот на ПСЖ, Луис Енрике го пофали својот тим по синоќешната победа (4:1) над Барселона во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
- Беше многу тешко да се игра против мојот поранешен тим, што многу ми значи. Но, како професионалец морам да ја работам својата работа и мислам дека денеска направив се што е можно за да имаме успех. Сега сме во полуфинале. Многу е тешко да се игра против Барселона. Тешко е на сентиментално и емотивно ниво. Не би сакал да играм премногу често против Барса. Но, мило ми е што поминав низ тоа. Детално го анализирав првиот натпревар и уште повеќе се уверив дека не заслуживме да загубиме. На реваншов играчите останаа самоуверени и продолжија да ги прават вистинските работи и покрај примениот гол. Гледањето на вашиот тим како ги прави луѓето среќни е најдоброто чувство на светот. Нема ништо подобро од ова. Ова чувство не може да се купи. Сега треба да се обидеме да стигнеме до финалето, изјави тренерот на ПСЖ.
Во полуфиналето Пари Сен-Жермен ќе се соочи со Борусија Дортмунд.
Другата полуфинална двојка ќе биде формирана вечер по одигрувањето на реваншите на средбите Манчестер сити – Реал Мадрид (3:3 прв натпревар) и Баерн – Арсенал (2:2 прв натпревар).
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Трпе мортус пијан оди на лекар. - А бе докторе, градиве ме болат. - Да не си паднал случајно? - Не бе докторе... - Да не си спиел гол, па да те фати промаја? - Не бе... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
|
|
|
|