Еквадорскиот фудбалски репрезентативец Ангуло почина на 23 години

Еден од најталентираните еквадорски фудбалери и репрезентативец на оваа јужноамериканска држава почина на 23-годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа, јавија денеска локалните медиуми.



Ангуло, кој беше член на еквадорскиот прволигаш ЛДУ Кито, повеќе од еден месец беше во болница на интензивна нега и во тој период му беа извршени неколку операции по тешката сообраќајна несреќа во октомври во Кито.

Во несреќата загинаа други две лица, меѓу кои и 22-годишниот фудбалер Роберто Кабезас.

Ангуло беше еден од најголемите таленти на еквадорскиот фудбал, а забележа и три настапи за репрезентацијата на Еквадор.

Во дресот на Индепендиенте дел Вале го освои Копа Либертадорес за играчи до 20 години. Кратко настапуваше и во американската МЛС за тимот на Синсинати, по што се врати во татковината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...