Тренерот на Барселона, Ханси Флик сои својот тим ја прослави шампионската титула во Шпанија и даде свое видување за следната сезона.
- Фудбалерите завршија извонредна работа и заслужија да се радуваат. Може да ја почувствувате поврзаноста со навивачите во текот на целата сезона, а начинот на кој игра тимот помогна да се зацврсти таа врска. Следната сезона ќе треба да работиме уште понапорно за да освоиме титули, изјави Флик за „AS“.
Каталонците ја обезбедија шампионската титула на две кола пред крајот на сезоната во Ла Лига. Тие по 28-ми пат во клупската историја стигнаа до трофејот.
Флик е на чело на Барселона од мај 2024. Под водство на 60-годишниот стручњак, Каталонците оваа сезона го освоија и Купот и Суперкупот на Шпанија.