Мурињо бара замена за Матераци

Актуелниот италијански шампион Интер деновиве се обидува да обезбеди засилување во одбранбените редови, поради тоа што грото од неговите дефанзивци се повредени и многу веројатно е дека нема да можат да настапат во првите кола од националниот шампионат на Италија.

Имено, по повредите на колумбискиот интернационалец Иван Кордоба, Романецот Кристијан Киву и Аргентинците Валтер Самјуел и Нелсон Ривас, на листата на повредени се пресели и Марко Матераци. Италијанскиот репрезентативец доживеа повреда на препоните за време на дуелот со Јувентус од мини-турнирот "Трофеј Тим" и според првите проценки на лекарскиот тим, ќе паузира најмалку еден месец. Тоа го остава Аргентинецот Николас Бурдисо како единствен централен дефанзивец кој е сосема здрав на неколку недели пред стартот на "калчото", што отвори потрага за нов квалитетен фудбалер од одбранбената линија.

"Доколку се повреди и Бурдисо, во игра ќе морам да го пуштам мојот помошник Џузепе Барези", на шега изјави новиот тренер на Интер, Португалецот Жозе Мурињо.

По средбата на претседателот на клубот, Масимо Морати и спортскиот директор Марко Бранка, беше решено екипата да инвестира во еден нов централен дефанзивец, а засега на врвот на списокот со желби се наоѓа Матео Ферари, кој би можел да дојде преку слободен трансфер откако го раскина договорот со неговиот досегашен клуб Рома.

Покрај Ферари, интерес од Интер има и за Паоло Ернан Делафиоре од Палермо, Романецот Радои од Стеауа, Бразилецот Тиаго Силва од Флуминенсе, кој во моментов е член на олимписката селекција на "кариоките", како и за Холанѓанецот Рон Влар од екипата на Феенорд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...