СТАРТУВА ПРЕТПОСЛЕДНОТО КОЛО ВО ФАЗАТА ПО ГРУПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Мешаница во првите две групи

Пет тима вечерва влегуваат во вистинска војна за три места кои водат во следната рунда од најквалитетното европско клупско натпреварување. Рома, Челзи и Бордо ќе водат вистинска војна за првите две места во групата "А", додека Панатинаикос и Анортозис директно меѓу себе во групата "Б" ќе решаваат за тоа кој ќе продолжи во Лигата на шампионите и по денешното 6. коло.

Целото европско внимание ќе биде насочено кон она што ќе се случува на "Стемфорд Бриџ" и на "Олимпико" Челзи и Рома влегуваат со голема стартна предност во улогата на домаќини против Клуж и Бордо, но за да го остварат планираното мора да ги победат ривалите. На прва, Челзи има далеку полесна задача затоа што на гости го чека романскиот првак, но и Рома има добра предност во однос на француски Бордо, кој на овој дуел доаѓа со само една отворена опција, а тоа е победа на гости.

Французите имаат реални шанси со победа дури и да се позиционираат на првото место на табелата (во случај Челзи да не го победи Клуж), но за нив е најважно да слават во Италија и да им се приклучат на редицата тимови кои ќе продолжат во нокаут-фазата. Челзи е пред голем испит. Сколари вети дека доколку не го победат Клуж и не продолжат во следната рунда од Лигата на шампионите, веднаш ќе си ги спакува куферите и ќе си замине за Бразил.

Во останатите две групи работите се речиси познати, останува да решат само нијанси. Кој како прв, кој како втор ќе мине во осминафиналната рунда. Тоа пред се важи за групата "Д" каде во мртва трка до крајот за врвот на табелата се Атлетико (М) и Ливерпул. Во групата "Ц" Барселона сигурно финишира како прва, а Спортинг веќе го обезбеди второто место. Во оваа група веќе е познато и дека украински Шахтјор продолжува во Купот на УЕФА, додека во последната група, неизвесноста за местото во Купот на УЕФА ќе биде актуелна до крајот на вечерашните средби.

ГРУПА "А"

ЧЕЛЗИ - КЛУЖ

Лондон, "Стемфорд Бриџ"

Судија: Питер Фројдфелд (Шве)

РОМА - БОРДО

Рим, "Олимпико"

Судија: Херберт Фандел (Гер)

ТАБЕЛА:

1. Рома 5 3 0 2 10:6 9

2. Челзи 5 2 2 1 7:4 8

3. Бордо 5 2 1 2 5:9 7

4. Клуж 5 1 1 3 4:7 4

ГРУПА "Б"

ПАНАТИНАИКОС - АНОРТОЗИС

Атина, "Спирос Луис"

Судија: Бертранд Лаек (Фра)

ВЕРДЕР - ИНТЕР

Бремен, "Везерстадион"

Судија: Питер Винк (Хол)

ТАБЕЛА:

1. Интер 5 2 2 1 7:5 8

2. Панатинаикос 5 2 1 2 7:7 7

3. Анортозис 5 1 3 1 8:7 6

4. Вердер 5 0 4 1 5:8 4

ГРУПА "Ц"

БАЗЕЛ - СПОРТИНГ

Базел, "Ст. Јакоб Парк"

Судија: Пол Алаертс (Бел)

БАРСЕЛОНА - ШАХТЈОР

Барселона, "Ноу Камп"

Судија: Мајкл Рајли (Анг)

ТАБЕЛА:

1. Барселона 5 4 1 0 16:5 13

2. Спортинг 5 3 0 2 7:8 9

3. Шахтјор 5 2 0 3 8:5 6

4. Базел 5 0 1 4 2:15 1

ГРУПА "Д"

ПСВ - ЛИВЕРПУЛ

Ајндховен, "Филипс Арена"

Судија: Николај Иванов (Рус)

ОЛИМПИК (М) - АТЛЕТИКО (М)

Марсеј, "Велодром"

Судија: Волфганг Штарк (Гер)

ТАБЕЛА:

1. Атлетико (М) 5 3 2 0 9:4 11

2. Ливерпул 5 3 2 0 8:4 11

3. Олимпик (М) 5 1 0 4 5:7 3

4. ПСВ 5 1 0 4 4:11 3

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ:

* На единствениот меч пред своите фанови кои Барселона го има одиграно со Шахтјор, остварила победа од убедливи 3:0.

* Олимпик (М) има лошо искуство со холандски екипи. На девет одиграни средби досега тимот од Марсеј има само 3 победи против составите од Холандија.

* Голманот на Вердер, Тим Визе, вечерва по 30-ти пат ќе го брани голот на Вердер во европските купови.

* Германскиот претставник Вердер има потреба од уште 4 гола за да стигне до јубилејните 100 погодоци во Лигата на шампионите.

* Бразилецот Налдо е единствениот фудбалер од Вердер кој до денеска нема пропуштено ниту еден меч сезонава за својата екипа.

* И Михаел Балак вечерва ќе има мал јубилеј, 75-ти меч во Лигата на шампионите.

* Лампард заедно со Жадсон и Кристијано Роналдо, додега има најмногу упатени удари кон противничките голови.

* Дефанзивецот на Рома Панучи и тренерот на Бордо, Блан, беа соигрчи во Интер вос езоната 1999/00.

* Будјевин Зенден од Олимпик (М) има постигнато три гола од три слободни удари оваа сезона.

* Атлетико (М) до денеска има постигнато 199 гола во европските купови. Денеска Шпанците го чекаат 200-от на мечот со Олимпик (М).

* На ПСВ му недостасуваат уште 5 гола за да ја стигне бројката од 300 гола во европските купови.

* На Ливерпул, пак, му е потребен само уште еден гол за да стигне до бројката од 300 европски погодока.

* Базел и натаму важи за еден од најслабите тимови во Лигата на шампионите сезонава. Швајцарците дадоа само 2 гола на пет средби досега.

* Јаник Џало од Спортинг, се уште го чека својот првенец во ЛШ, иако зад себе досега има 14 средби во ова натпреварување.

ЈУБИЛЕЈ:

Фудбалерот на Вердер, Клаудио Пизаро, вечерва ќе го има 75. старт во европските фудбалски купови. Перуанецот досега смени неколку европски екипи со кои настапуваше во европските фудбалски натпреварувања, на откако годинава се пресели во Вердер полека напредува кон стотиот меч во евро-куповите.

Инаку, Пизаро вечерва ќе го има својот 57. меч во Лигата на шампионите. Досега има постигнато 15 гола во најсилното европско натпреварување.

КУРИОЗИТЕТ:

Барселона досега има одиграно 7 средби против украински состави, но ниту еден од нив досега не завршил без победник. Барселона на 7 дуели со украински состави има остварено 3 победи, но дури 4 пати каталонците имаат загубено. Интересно, од овие 7 средби со украински тимови, три се директни дуели меѓу Барселона и Шахтјор. Две победи имаат Шпанците, а еден триумф во 2004 година имаат остварени фудбалерите на Шахтјор.

РЕКОА ПРЕД НАТПРЕВАРИТЕ...

ХУАН КУЛИО (КЛУЖ) - "Ако не потценат, тоа ќе биде одлична шанса за нас. Ние докажавме дека можеме да го победиме секого во групата. Клуж е подготвен да се бори и да го победи Челзи. Ако ги победиме, Сколари најдобро веднаш да си оди во Бразил и да не зборува многу."

ЖЕРЕМИ МЕНЕЗ (РОМА) - "Ние сакаме да завршиме на првото место во групата. Тоа ни е целта. Би сакал на крајот Челзи да биде зад нас. Ќе биде тежок меч, но јас сум оптимист и сите веруваме во победа."

ЛОРАН БЛАН (БОРДО) - "Ако се концентрирани и го дадеме максимумот може да сметаме на победа. На теренот излегуваат два идентични тима, и нема зошто некого да фаворизираме. Треба само да се бориме. Секогаш е тешко да постигнеш гол, без разлика дали играш дома или во гости."

ДЕРЛЕИ (СПОРТИНГ) - "Ние ја исполнивме нашата цел уште во минатото коло. Сега останува само да потврдиме дека сме квалитетен и сериозен тим. Сигурно нема да дозволиме да загубиме, без разлика дали тренерот ќе направи промени во стартниот тим."

РОБИ КИН (ЛИВЕРПУЛ) - "Императив е да се заврши оваа фаза како прв. Ние за тоа ќе се бориме до последен момент. Мислам дека ПСВ ќе има големи мотиви на оваа средба, која и за нив е многу важна. Ќе биде тежок меч, но ние имаме цел и одиме таа да ја исполниме."



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Насуфи го унапредуваат во чувар на затвор.
- Г-не Насуфи, имате за задача меѓу затворениците да воспоставите ред и дисциплина!
- Нема проблем, кој нема да слуша, веднаш ќе го ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...