"РОСОНЕРИТЕ" И БОСАНЕЦОТ СЕ ДОГОВОРИЈА

Џеко потпиша со Милан

Босанската гол-машина Един Џеко потпиша преддоговор со италијанскиот гигант, Милан, соопштуваат медиумите од Италија. Сега останува уште управата на "росонерите" да се договори со германскиот шампион Волфсбург околу отштетата со што трансферот би бил официјализиран. Ова го потврди и потпретседателот Адријано Галијани кој лично се сретнал со Џеко и кој го убедил да го потпише овој договор.

Германците воопшто не сакаа да го продаваат својот најдобар напаѓач, меѓутоа Џеко немаше срце да го одбие големиот Милан, со што го стави во многу незгодна позиција својот сегашен клуб. Германците не сакаат да се разделат со него за помала сума од 30 милиони евра, додека пак од Милан се подготвени да "искешираат" само 20. Сепак управата на Милан ќе се обиде повторно да си ја проба среќата и ќе влезе во нови преговори со "волците" веќе од следната недела.

Италијанскиот гигант се обидува да донесе квалитетни засилувања бидејќи по продажбата на Кака и најавените неколку заминувања, тимот драстично ослабе. Тренерот Леонардо истакна дека Андреа Пирло и Алесандро Пато нема да бидат продадени и покрај интересот на Челзи и Карло Анчелоти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...