|
|
|
Поради алчноста на Роналдо доведен во прашање трансферот во Реал
Роналдо незадоволен со 200 илјади фунти неделно
Најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо се обидува да извлече повеќе пари од својот нов клуб Реал Мадрид пред официјално да го потпише договорот. Според англиските медиуми, Португалецот наводно не бил задоволен од предложените 200 илјади фунти неделно и преку својот агент Жорге Мендес побарал уште поголеми приходи. Тука не се работи за платата која ќе ја добива од Реал Мадрид, туку на процентот од продажбата на дресови и други сувенири со неговото име како и снимањето реклами каде ќе се појавува со опрема на Реал Мадрид. Желбата на Кристијано Роналдо е да добива 55% од тие приходи иако досегашната практика била 50% како што е случајот и со второто големо засилување на "кралскиот клуб" Кака.
Но, дури и ако Мендес не успее да му издејствува толку пар на својот клиент, Кристијано Роналдо ќе биде убедливо најплатениот фудбалер во светот и секоја сезона ќе добива зголемување од 25%. Тоа значи дека во својата последна година од договорот (се разбира, ако остане на Бернабе до неговиот крај) ќе заработува неделна плата од неверојатни 557 илјади фунти (653 илјади евра). И покрај тоа, никој не очекува Роналдо да се задоволи со ова и сите се надеваат дека тој ќе се обиде да извади колку е можно повеќе пари пред официјалното потпишување на договорот кое е закажано за 30 јуни. Промоцијата и на Роналдо и на Кака е планирана за почетокот на јули. Сепак, поради проблемите околу платата, сега целиот трансфер на Португалецот е доведен во опасност, медицинските прегледи се одложени за идната недела и постои опасност Роналдо воопшто да не го засили Реал летово.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не ја крие својата надеж дека скапиот трансфер на Кристијано Роналдо на крајот ќе се покаже добар деловен потег со голема финансиска добивка за клубот, исто како во случајот на Дејвид Бекам во 2003 година. Тогаш, англискиот репрезентативец на "кралскиот клуб" му донесе добивка од речиси 600% во однос на она што Реал го плати за него.
Дебито во "бело" на 26 јули
Ако се биде во ред, Сантијаго Бернабе ќе има можност да ја види својата нова ѕвезда Кристијано Роналдо на 26 јули, соопштува АС. На тој ден почнува Турнирот на мирот и Реал ќе се сретне со актуелниот првак на Јужна Америка, ЛДУ Кито од Еквадор. Од клубот се сигурни дека стадионот ќе биде преполн, како од навивачи на Реал кои ќе дојдат да го проследат дебито на ЦР7, така и од туристи кои во тој период од летото престојуваат во Мадрид.
На 29 јули е вториот меч против Ал Итихад, а полуфиналните дуели и финалето се на програмата на 31 јули и 2 август, но во Севиља. Потоа следува прекуокеанската турнеја при што Реал ќе се сретне со Торонто на 7 август и ДЦ Вашингтон два дена подоцна. На 19 август е планирана средбата со Борусија Дортмунд, а крајот на контролните натпревари е на 25 август, неколку дена пред почетокот на новата сезона Примера на Трофејот Бернабеу против Милан кој е поканет како дел од трансферот на Кака.
Виља го избрал Реал!?
Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Валенсија, Давид Виља им призна на медиумите во својата земја дека ја донел својата одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Веднаш по натпреварот против Ирак на Купот на Конфедерациите, тој излезе во јавноста со таква изјава, но не сакаше да ја соопшти конечната одлука.
"Одлучив и сега сум мирен затоа што одбрав во кој клуб сакам да ја продолжам кариерата и мојот агент во моментов работи на тоа. Се чувствувам одлично затоа што во мојата глава не постојат дилеми", рече Виља.
Ден потоа сите шпански весници објавија дека во прашање е Реал Мадрид иако ниеден од нив нема официјална изјава ниту од клубовите, ниту од фудбалерот. Пред неколку дена Реал објави дека се откажува од напаѓачот, но по се изгледа сега пак се враќа во игра затоа што и претседателот Флорентино Перез изјави дека е само прашање на време кога голгетерот ќе го засили "кралскиот клуб".
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Еден човек доаѓа во едно село, среќава двајца селани на сред село и му се обраќа на едниот. - Каде е кметот? - Сее! - Сее? Сред зима? На тоа се надвоврзува другиот селанец: -... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар,...
1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски...
1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа...
1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената...
|
|
|
|