Три меча суспензија за Адебајор

Напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор доби суспензија од три натпревари поради насилничкото однесување на мечот против Арсенал во саботата. Тогоанскиот репрезентативец е обвинет за намерно газење на противничкиот фудбалер Робин ван Перси, а дополнително ќе одговара за начинот на кој го прослави голот пред гостинските навивачи кои претходно ги нарече најлоши во Англија.

Ван Перси по еден дуел со Адебајор заработи расекотина на лицето, а подоцна робусниот напаѓач го претрча целиот терен за да го прослави голот пред навивачите на Арсенал од кои минатата сезона додека го носеше дресот на "топчиите" често беше исвиркуван. Мораа да интервенираат редарите и полицијата за да се смират страстите и бесните симпатизери на лондонскиот клуб. ФА соопшти дека за секој од овие инциденти ќе има посебно сослушување и ја замоли полицијата да поведе истрага против навивачите на Арсенал кои фрлаа шишиња и разни предмети на теренот. Еден од редарите притоа беше погоден во главата и ја загуби свеста.

"Адебајор врз основа на забрзана дисциплинска постапка е обвинет за насилничко однесување во инцидентот со Робин ван Перси кој тогаш заработи повреда на лицето. Судијата Марк Клатенбург пред ФА изјави дека не го забележал инцидентот, но истакна дека ако го видел сигурно ќе му покажел директен црвен картон на Адебајор", се вели во официјалното соопштение на ФА.

Адебајор мора најдоцна до 30 септември да се изјасни за обвиненијата за неспортско однесување. Пред англиските медиуми вчера тој рече дека не се чувствува виновен. Адебајор ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед претстојниот викенд плус мечот со Вест Хем на 28 септември во рамките на Премиер-лигата како и дуелот со Фулам во Карлинг-купот. Веднаш по истекувањето на оваа суспензија ќе се знае дали дополнително ќе одмора, но со оглед на паузата во Премиер-лигата поради квалификациите за СП, враќањето на теренот сигурно ќе биде за околу еден месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...