Аргентина тактички е инфериорна во однос на Барселона

Во ексклузивното интервју за "Франс Фудбал", француски фудбалски магазин кој секоја година го избира најдобриот фудбалер на светот, Лео Меси, објаснил зошто не и оди на Аргентина. "Тактичкиот состав на Барселона не може да се спореди со оној на аргентинската репрезентација, кој е далеку поинфериорен." - изјавил Меси.

"Не се работи за иста поставеност на играта, а и соиграчите не се исти. Тие два тима не можете да ги споредувате по ниту еден од тие два критериуми. Ја сакам поставеноста на играта на Барса, навикнат сум на истата.

Секогаш играме напаѓачки, офанзивни сме и тоа ми се допаѓа." Сепак, најдобриот светски фудбалер не се плаши од неуспех во квалификациите за Светското првенство.

"Ќе бидеме дел од Светското првенство. Се останато би било грозно" - констатирал Меси.

22-годишниот напаѓач на Барселона докажал дека е изразито самокритичен. "Индивидуално мора да работам на тактичко усовршување. Исто така, морам да работам на подобро изведување на слободните удари. Фудбалерот никогаш не смее да запре во развојот, постојано мора да бара начини да се подобрува."

Меси исто така открил дека во следните неколку дена ќе се сретне со селекторот Диего Марадона, кој престојува во Европа, и со него отворено ќе поразговара за причините поради кои во дресот на репрезентацијата не пружа игри еднакво квалитетни на оние во каталонскиот клуб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...