Таткото на Тери фатен како продава дрога

Тед Тери

Новинарот на Сан, Даниел Сендерсон го фатил на дело таткото на Џон Тери, Тед, како продава дрога низ улиците на Лондон. Новинарот се сретнал со Тед Тери во вински бар во Есекс, а целата трансакција ја завршиле во тоалетот.

Новинарот се правел "потрчко" на богат "газда" и купил пробни три грама "смртоносен кокаин" спакуван во три одвоени пакетчиња по цена од 40 фунти за грам. На крајот, постариот Тери го замолил својот партнер на својот шеф да не му открива од каде ја набавил дрогата.

"Ова е само меѓу мене и тебе. Немој да им кажуваш на луѓето дека јас сум татко на Џон. Не мислам дека тоа може да им пречи, но никогаш не се знае. Не им кажувај, а јас ќе им набавам 'роба' колку сакаат", му рекол Тед на новинарот на задача.

Скандалот со таткото на Тери е откриен вчера, неколку часа во пресрет на големото дерби меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Пред само неколку месеци откако неговата мајка беше фатена во стоковната куќа Маркс и Спенсер во кражба на облека вредна 800 фунти. Инаку, родителите на Џон се разделени, Тед е невработен и за него финансиски се грижи синот кој годишно заработува 10 милиони фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...