Реал не го пушта Роналдо за бараж средбите

"Војната" меѓу Реал Мадрид и португалскиот фудбалски сојуз продолжува откако "Кралскиот клуб" соопшти дека Кристијано Роналдо нема да добие дозвола за настап за Португалија на бараж средбите со БиХ на 14 и 18 ноември.

Холандскиот доктор Николас Ван Дијк го посоветувал Роналдо да не се враќа на натпреварите до 20 ноември и притоа му препишал вежби кои би требало да го зајакнат неговиот повреден скочен зглоб.

"Кралскиот клуб" е дециден и нема намера да го пушти својот најскап играч да настапи на решавачките средби на Португалија за пласман на СП 2010 година.

"Им ги пративме сите медицински докази, наши и на хирургот Ван Дијк во кои јасно стои дека Роналдо е повреден и не е подготвен за натпревари", изјави спортскиот директор Хорхе Валдано.

Според статутот на ФИФА, еден играч мора да одговори на повикот на селекторот на репрезентацијата на својата земја, а лекарскиот тим ќе одлучи дали ќе може да настапи или не. Бидејќи Португалија веќе го пријави за претстојните бараж средби со БиХ, тоа значи дека Роналдо ќе мора да отпатува во својата земја и да ги помине лекарските прегледи од медицинскиот тим на репрезентацијата. Ако се потврди повредата тогаш Роналдо може да биде изоставен.

Реал се плаши дека Карлос Квеироз би можел повторно да се "коцка" со Роналдо исто како што го стави во игра против Унгарија каде Роналдо само си ја влоши ситуацијата со повредениот зглоб.

Доколку ситуацијата на Роналдо до крајот на овој месец не се подобри, тогаш тој ќе мора да замине на операција, а доколку се случи тоа тогаш португалскиот репрезентативец ќе отсуствува од фудбалските терени меѓу шест и седум недели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...